Сенатот на Шпанија на 17 март ќе одржи седница на која ќе се гласа за ратификација на Пристапниот протокол за членство на Македонија во НАТО, објави министерот за надворешни работи, Никола Димитров на социјалните мрежи.

– И покрај кризата околу корона вирусот и суспендирањето на сите други активности, Сенатот на Шпанија пред малку одлучи на 17 март да одржи пленарна седница со единствена точка на дневен ред: Ратификација на Пристапниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО! ¡Muchas gracias España! – напиша Димитров на Фејсбук. 

И покрај кризата околу корона вирусот и суспендирањето на сите други активности, Сенатот на Шпанија пред малку одлучи на…

Posted by Никола Димитров – Nikola Dimitrov on Четврток, 12 март 2020