Македонското знаме, од денеска, заедно со знамињата на останатите 29 членки на Алијансата, се вее пред седиштето на НАТО во Брисел. Ова е историски момент за сите наши граѓани. Во овие тешки моменти, кога се соочуваме со пандемија од коронавирусот, како држава, како граѓани имаме причина да бидеме горди, соопшти СДСМ.
– Ја исполнивме нашата стратешка цел, поставена уште во далечната 1991 година. Станавме дел од најмоќниот безбедносен сојуз во светот. Како држава поминавме тежок и трнлив пат, се соочивме со низа препреки и предизвици.
Но, со одговорните и успешни политики што ги спроведе СДСМ и претседателот Зоран Заев, успеавме.
Обезбедена е нашата иднина, загарантиран е територијалниот интегритет и суверенитет на Северна Македонија, а тоа значи сигурни и безбедни граници и мир во државата.
Пред нас е да се избориме со здравствените и економски предизвици од коронавирусот, а потоа продолжуваме уште позасилено со европската агенда – се додава во соопштението.