Албанскиот премиер Еди Рама на заедничката прес-конференција со својот македонски колега, Зоран Заев, денеска рече дека трговската размена меѓу двете земји е значително зголемена, притоа истакнувајќи дека продолжувањето на автопатот „Руга е Арбрит“ (Патот на Арбр) до сегментот Скопје-Блаце е стратешка потреба.
-Има многу работи што можеме да ги направиме заедно. Имаме значително зголемување на обемот на трговијата помеѓу двете земји. Лани трговската размена е зголемена за 11 отсто, но сметам дека е многу малку во споредба со нашиот потенцијал. Исто како што голем број инфраструктурни дела не обединуваат во заеднички интерес, продолжувањето на автопатот „Руга е Арбрит“ се до сегментот Блаце-Скопје е стратешка потреба и, се разбира, според можности и плановите на Вашата Влада ќе влезе во процес на реализација во потребниот момент за кој верувам дека ќе биде набрзо- рече Рама.
Текот на градежните работи на автопатот на албанска страна се одвиваат со забрзана динамика. Оддалеченоста од Тирана до граничниот премин „Блато“, на албанско-македонската граница кај Дебар, од 182 се намалува на 70 километри.
Премиерот Рама на прес-конерецијата најави дека на лето владите на двете земји ќе одржат заедничка седница.