Европската перспектива на Македонија била една од темите на средбата на бугарскиот претседател Румен Радев со неговиот германски колега Франк-Валтер Штајнмајер во Стразбур. Според „БГНЕС“, Радев истакнал дека очекува активен билатерален дијалог на високо ниво помеѓу Бугарија и Македонија, на кој би се решиле повеќето спорни прашања.
– Нашиот југозападен сосед треба да покаже европска зрелост и почитување на вредностите на ЕУ со преземање конкретни активности за запирање на говорот на омраза кон Бугарија во учебниците по историја, државните и научните институции, јавните медиуми, да запре со фалсификување на бугарското културно-историско наследство и особено да ги почитува правата на своите граѓани, кои отворено го изразуваат својот бугарски идентитет – рекол Радев, а пренесува „БГНЕС“.