Молитвениот појадок во Вашингтон за првпат се одржа во виртуелна форма. Како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, на појадокот онлајн учествувале и пратениците Александар Николоски и Антонио Милошоски, како и меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев.
Главни говорници на 69-от Молитвен појадок, беа претседателот на САД, Џо Бајден и спикерката на Конгресот Ненси Пелоси.
Во своето обраќање, претседателот Бајден нагласи дека овој традиционален настан ги собира и обединува луѓето од различни земји, култури, партии и убедувања.
Претседателот Бајден, повика на обединување и надминување на разликите.
Претседателката на Конгресот на САД Ненси Пелоси особено се задржа на ковид кризата, која изминатава година ги зафати САД и светот. Пелоси нагласи дека треба да се сеќаваме на бројните жртви, како и да им се помогне на тие кои што сеуште страдаат од ковид-кризата.