Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев го оствари своето избирачко право на денешниот референдум.
– Немам некој посебен коментар. Си достојав на зборот, на она што претходно го кажав. Мислам дека секој граѓанин треба да си го искористи секое демократско право според сопствени убедувања, мислења и толкувања. Јас како носител на функција градоначалник, избран од народот, имав една морална обврска да излезам да го покажам тој демократски морал и чин и да се произнесам со мојот глас – изјави Јанчев по гласањето.
На новинарско прашање околу позитивните коментари за добро менаџирање на односите со двете најголеми политички партии, тој рече дека за него целиот народ е ист и воопшто не прави делење, во никој поглед. Порача луѓето да се тргнат од провокативните теми за поделби. А одлуките, воопшто, да се носат во интерес на граѓаните, а не на политичките партии.