Оваа држава може да оди напред само ако сме сите заедно и ако сите одиме напред. Не може дел да одат напред, дел да назадуваат. Толку малку сме, толку малку луѓе останаа овде по сите голготи и долг период од триесеттина години транзиција што ако не ги собереме сите креативни сили на едно место, не може да фатиме чекор со модерниот свет, порача вечерва од средбите со граѓаните во општина Центар, кандидатот за претседател на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски.
-Тие зборуваат за поништување на Договорот од Преспа и Законот за употреба на јазиците. Тоа значи сигурен рецепт за назад, а ние многу добро знаеме што значи назад и како беше во изминатите години на нивно владеење кога живеевме во неправди и темнини – рече Пендаровски.
С.Н.М.