Претседателот Стево Пендаровски во својот завршен говор пред претаниците во Собранието испрати клучна порака до следната власт, дека веднаш треба да се спроведе прочистување кај судиите и обвинителите, но прво кај политичарите.
Тој рече дека е разаочаран за тоа што многубројните судски постапки нема судска завршница, односно никој не завршил зад решетки со што правдата не е задоволена.
– Во редица судски процеси не видовме завршница, дел од најголемите правни случаи застареа, а краторот на режимот избега и од правдата и од државата. Притоа ниту една институција не кажа јавно како тоа воопшто беше возможно. Врв на лошите состојби во правосудниот систем беше аферата „Рекет“ во која меѓу обвинетите за тешки дела се најде и првата личност на институцијата која беше формирана да ги гони криминалците. Порачувам веднаш по изборите да се спроведе прочистување и кај судиите и кај обвинителите, но и кај политичарите. За секого што нема логично образложение како со државна плата станал милионер треба веднаш да следи не само оставка туку кривична постапка – порача Пендаровски.
Пендаровски во својот говор се осврна и на законот за јазици при што рече дека треба да се испочитува мислењето на Венецијанската комисија.
– Комисијата не вели дека на Албанците им се дадени премногу права, напротив не истакнува како пример на држава која оди подалеку од европските стандарди во оваа област. Меѓутоа, со право забележува дека нашата држва во овој момент не поседува капацитет и ресурси да ги имплементира тие стандарди во судските и управни постапки. Со други зборови, какво фајде од законот ако неговите зборови останат само на хартија – рече Пендаровски.
Во неговото излагање тој посочи три области во кои потребно да се постигне надпартиски консензус – за загадувањето, за попусот и за иселувањето на младите луѓе.
Додаде дека во овие области треба да се алармира и делаува заеднички за да се постигнат резултати во интерес на сите граѓани.
– Во ситуација кога 15 години чекаме да почнеме преговори со ЕУ и кога влегуваме во НАТО после 20 години, а стандардот пер капита е на 80 проценти од некогашниот наш југословенски просек, со просечна плата од 400 или 500 евра, иселувањето може да бележи нови поразувачки рекорди. Притоа не како политичари, туку како обични луѓе мора да се согласиме, ако еден млад човек ја напушти државата заради нашите политики, тоа не е трагедија само за неговото семејство, туку за сите нас – кажа Пендаровски.
Тој се осврна во однос на Преспанскиот договор и договорот со Бугарија и кажа дека како претседател стои на ставот дека ќе се залага да работи во интерес на сочувувањето на индентитетот и културата на народот.