Кандидатот за претседател на СДСМ и на 30 политички партии Стево Пендаровски денеска беше на средба во жителите на Јегуновце каде говореше за проектите од неговата програма и за заложбите како врховен командант на Армијата.
Пред граѓаните, Пендаровски рече дека доколку биде избран за претседател ќе се залага за модернизација на Армијата и за обезбедување на европски услови за македонските војници.
– Нашата армија е веќе дел од НАТО. Армијата е гарант на суверенитетот, независноста и неповредливоста на територијата на државата – истакна Пендаровски. С.Н.М.