Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, денеска учествуваше на граѓанска трибина со жените под мотото „Еднакви“.
Жените, рече Пендаровски, мора активно да бидат вклучени во секое поле од општественото живеење и ова ќе биде негова заложба како иден претседател.
– Ќе назначам посебна советничка за родова еднаквост и промоција на учеството на жените во политиката. Како што веќе најавив ова ќе биде еден од моите први 8 проекти, најавени за првите 8 месеци-рече Пендаровски. С.Н.М.