Претседателот Стево Пендаровски, денеска ги прими членовите на новиот состав на преодната Влада за спроведување на избори на пратеници.
Пендаровски, го честиташе изборот на новиот владин состав и изрази очекување во овие историски моменти за нашата држава, кога треба да се заокружи полноправното членство во НАТО и да се одреди датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија, да го потврдиме демократскиот капацитет на Македонија и да се спроведат предвремените парламентарни избори во фер и демократска атмосфера.