Од утре стартува изборната кампања за Локалните избори што се закажани на 17 октомври.
Кампањата ќе заврши на 15 октомври на полноќ. Вториот круг избори ќе се одржат на 31 октомври, а кампањата за втор круг ќе трае до 24 часот на 29 октомври.
Вкупно 1.824.864 граѓани ќе можат да гласаат.
Државната изборна комисија (ДИК), потврди 303 листи за градоначалници и 567 за советници. За првпат ќе бидат применети терминали за читање отпечатоци од прсти на гласачите за да се утврди нивниот идентитет и за да се избегнат евентуални неправилности при гласањето.