На вторат седница на Советот на општина Прилеп денеска беа усвоени предлог решенијата за формирање на комисии.
За сите постојани и привремените работни тела и комисии што ќе работат во состав на општинскиот Совет беа избрани членови и претседатели.
Со мнозинство гласови „за“ беа формирани Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници, Комисијата за финансирање, буџет и локален економски развој, Комисијата за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина, Комисијата за општествени дејности и правата на децата, Комисијата за Статут и прописи и Комисијата за елементарни непогоди и Комисијата за месна самоуправа и за родова еднаквост.
– Денешната седница Советот ја одржа како втира, а причината е една и едноставна, за два дена нѐ очекува одбележување на 3-ти Ноември, ослободувањето на град Прилеп, а за да тоа се случи беспрекорно, односно да функционира Советот во ред како што е предвидено со Статутот за работа и Деловникот за работа на Советот на Општина Прилеп, мораше да биде формирана најпрво Комисијата за одбележување на значајни настани, личности и празници, заради тоа што мора да се потврди, измени или дополни одлуката која што беше донесена од советници, односно од Комисијата составена од советници од претходниот состав на Советот на Општина Прилеп, донесена на 14.10.2021 година. Заради тоа што повеќе мандатите на тие советници неважат мора оваа одлука да биди потврдена, изменета или дополнета од новиот состав на Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници, и во таа насока беше закажана оваа седница. Се донесоа решенија за формирање на сите работни тела кои што функционираат во Советот на Општина Прилеп и кои што се во склоп на Локалната самоуправа. Со тоа сметам дека ќе имаме плодна работа по тоа што како прва оценка можеме да го дадеме за оваа седница – изјави претседателот на Советот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски.
На новинарско прашање за давање јавност на седниците, претседателот на Советот Во рамките на втората работна седница на Советот беше верификуван еден мандат на член на Советот, а исто така беа именувани и членови на Советот кои учествуваат при склучувањето на бракови во Прилеп и месните канцеларии во Плетвар, Тројаци, Старо Лагово, Витолиште, Дуње, Тополчани, Канатларци и Мало Коњари. На оваа седница беше формирана и Комисија за изработка на Програма за работа на Советот на Општина Прилеп за мандатот 2021 – 2025.|
Ка.М.