Европската народна партија (ЕПП) денеска одржува Политичко собрание, со кое претседава претседателот Доналд Туск. Поради состојбата со корона-кризата Политичкото собрание се одржува преку видеоконференција.
ВМРО-ДПМНЕ учествува во истото претставена од потпретседателот Александар Николоски и меѓународниот секретар и член на ИК, Владимир Ѓорчев.
– На Политичкото собрание Николоски имаше свое обраќање во кое ги информираше партиите членки на ЕПП за недемократската атмосфера во која поминаа изборите на 15 јули, поткупот на гласачи, директен и институционален, притисокот врз гласачите, како и нееднаквиот пристап за промоција на својата програма и кандидати кои го имаше ВМРО-ДПМНЕ поради злоупотребата на вонредната состојба од страна на СДСМ. Николоски информираше за активностите кои ги има партијата, како и протестите кои ги организира, како и за корупциските скандали кои ја следат Владата на Заев – соопшти партијата.
На Политичкото собрание се зборува за состојба во Медитеранот, судирот во Нагорно-Карабах, корона-кризата, како и извештаите на ЕПП и следните активности.