Во Собранието, на првиот работен ден по враќањето од колективниот одмор на пратениците и претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, денеска се одржа првата редовна координација која што беше во полн состав.
На средбата беше договорено, оваа недела, односно на 1 септември, Собранието да продолжи со преостанатите, незавршени седници. Следната пленарна седница, Џафери ќе ја свика на 14 септември.
Џафери замоли да се почитуваат здравствените протоколи како што се почитуваа и досега, за да се заштити здравјето на пратениците, на вработените и нивните семејства.