Владата на денешната 62. седница го назначи Муамет Хоџа за втор портпарол.
Хоџа беше еден од портпаролите во поранешната Влада, а претходно работеше и во неколку медиуми на албански јазик. Тој во Владата доаѓа како кадар на ДУИ.
Миле Бошњаковски, портпаролот на Владата по назначувањето му посака добредојде на својот нов колега.
– Покрај мене како портпарол во Владата на Република Македонија од денеска е и колегата Муамет Хоџа, напиша Бошњаковски на Твитер.
На денешната 62. седница Владата го разреши Мите Костадинов од функцијата претседател на Управниот одбор на АД Водостопанство на Република Македонија.