Господине Ципрас, не ја спасивте Македонија, единствено што направивте е да им дадете македонска националност и јазик на соседите, му порача лидерот на грчката опозициска партија Нова демократија на грчкиот премиер, кој во петокот од Солун рече дека „левицата не ја продава Македонија, туку со Договорот од Преспа го спасува културното и историското наследство на грчката Македонија.
Кирјакос Мицотакис, во обраќањето на крајот од тридневниот партиски конгрес, коментирајќи го говорот на Алексис Ципрас од Солун, рече дека ако грчкиот премиер бил малку повеќе запознаен со историјата на земјата и „со борбите што нашите предци ги водеа за Македонија да стане грчка и Грција она што е денес, немаше да оди во Солун за да ни каже дека СИРИЗА ја спаси Македонија“, јави дописничката на МИА од Атина.
Лидерот на Нова демократија, уште еднаш повтори дека Нова демократија е против Договорот од Преспа.