Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објави дека остварил успешна средба со Генералниот секретар на Европската Народна Партија, Антонио Лопез-Истуриз и пратеник во Европскиот парламент.
– Шпанската народна партија победи во Мадрид на локалните избори и разговаравме за идна соработка на престојните локалните избори во Македонија, заеднички да соработуваме и славиме победа во нашето Скопје! Ја имаме поддршката и знаењето. Со целото срце и сила за победа над застојот, стагнациите, блокадите – порача Мицкоски.
Лопез-Истуриз е помеѓу најблиските соработници на претседателот на Шпанската сестринска народна партија (Partido Popular) Пабло Касадо.