Скопјанец пријавил дека синоќа по полноќ бил нападнат од две лица на влезот на скопскиот аеродром.

– Вчера во 01.50 часот во СВР Скопје, О.Е.(32) од с.Шишево, скопско, пријавил дека околу 00.25 часот на влезот од Меѓународен аеродром Скопје, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од две лица. Се работи на расчистување на случајот – информираат од МВР.