Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во своето обраќање на вчерашната конференција „Конзервативните народни партии градат мостови кон заедничка европска иднина“, во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер“, се заблагодари на можноста за учество на ваквиот настан кој испраќа порака на заедништво, заеднички цели и решителност за европеизација и споделување на заеничките европски вредности, но и подготвеност за градење на мостови на соработка во услови кога тие се многу малку на број, да се испрати порака дека нема поинаква иднина освен европската, како и тоа дека на тој план сите ние имаме една иста цел напредок, поголеми стандарди и приближување кон европската иднина.
– Европската Унија не смее да биде утопија, туку практични вредности кои треба да ги исполниме, сите нас овде кои сме присутни не поврзува тоа што сакаме да бидеме дел од ЕУ и веруваме во европската иднина, но веруваме и во просперитетот на регионот, нам претставниците на македонската опозиција не поврзува една карактеристика и овде и во регионот, а тоа е што имаме неодговорни влади кои ја злоупотребуваат европската идеја за лични интереси и газење на европските вредности за кои ние денеска се залагам.
Регионот нема да има напредок ако европските вредности останат само флоскула, без дела, празни зборови кои владите ќе ги изговараат, а нема да ги применуваат, а тоа не е доволно. Денес, Македонците исто како и Албанците, Турците, Ромите, Власите, Србите, Бошњаците и сите останатите граѓани имаат еден сон како да имаат подобар живот, а тоа е така затоа што тешко живеат. Затоа младите си заминуваат и ја бараат својата среќа во други земји, градовите низ Македонија се празни – истакна Христијан Мицкоски.
Мицкоски говореше за разликите кои иако ги имаат политичките партии за кои рече дека се помали од заедничката цел, а тоа е да ја придвижиме државата и регионот кон ЕУ, и истото може да биде направено доколку се дејствува обединето, заеднички верувајќи во една идеја, затоа што граѓаните се уморни од ветувања, лаги и неспособност, како и постојано чекање во европската чекалница и верувања во сон кој никако да дојде.
Тој се осврна и на соживот во Македонија и потенцираше дека граѓаните се уморни од лагите на власта, па по тоа не е доволно само власта да кажува дека соживотот е важен, туку што прави таа за да ги зближи граѓаните, потреби се дела, затоа што со лаги не може понатаму, а власта ништо не прави за да обезбеди европска идинина и да се зачува соживотот на граѓаните.
– Не е точно дека сите политичари се исти, ние вистински веруваме во Европа, ние сме за подобар живот, а власта имаше шанса да направи подобар живот, но шансата ја упропасти, нашите европски политичари треба да ја ценат важноста за интеграција во регионот, како и одблиску да ги следат процесите, да инвестираат во политики кои носат резултати, како и да не подржуваат едностани политичари кои се далеку од европската идеја – посочи Мицкоски.
Тој потенцираше дека Македонија не смее да остане зад портите на ЕУ и упати убедување дека вчерашната конференција е основа за добра соработка и подадена рака во насока на менување на работите за европската перспектива.
На конференцијата свое обраќање имаше и Пауло Рангел, заменик претседател на Европската Народна Партија (ЕПП) кој истакна дека од суштинско значење е соработката на сите партии од сите етнички заедници како и потребата од силна проевропска опозиција која ќе работи во насока на создавање на реформи и која ќе гради мостови до заедничката европска перспектива на Македонија.
– Добрата соработка на сите партии од сите етнички заедници, како и од регионот е од суштинско значење, ја охрабрувам оваа иницијатива за целите на градење на заедничка цел, за да дојдеме до целосна Европа, затоа што не може да постои целосна Европска Унија без Македонија – истакна Рангел.