Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Николов во Париз остварија средба со членовите на францускиот Сенат, Марта Де Сидрак и Арно Базин кој е и претседател на групата за француско-македонско пријателство.
На средбата се разговараше за актуелни теми и прашања поврзани со стратешките интереси на Македонија.
Мицкоски во рамки на средбата ја афирмираше заложбата за напредок на планот на евроинтеграциите. Тој пред соговорниците нагласи дека ќе ја стави државата на брза патека што ќе подразбра итни реформи кој ќе ја извадат Македонија од, како што вели, слепата улица во која ја донела актуелната Влада.
Мицкоски ја потенцираше цврстата определба за бескромпомисна борба против криминалот и нултата толеранција за корупција. Воедно нагласи дека потребни се чекори кој ќе доведат до економски напредок и подобрување на стандардот на граѓаните.
-За жал денес имаме состојба во која главна пречка за правдата е премиерот на државата. Обновата за која се залага ВМРО-ДПМНЕ се однесува на промени кон подобро во сите сфери и области, спроведување на политика базирана на принципи и вредности – истакна на средбата Мицкоски.
Воедно претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека се залага за стратешко партнерство со Франција и продлабочување на заедничката економска и политичка соработка.