После подолг период Христијан Мицкоски кажа една голема вистина, а тоа е дека ова мнозинство во Собранието ќе расте, изјави Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.
Тој вели дека Мицкоски ја излажал јавноста дека има 61 глас за ново мнозинство и за гласање недоверба на Владата.
„За овој негов неуспех Мицкоски нека не бара алиби, само на себе може да си се лути и да му се гади. Со денови еуфорично пумпаше невистини дека има 61 пратеници. Народот е излажан, нема ново мнозинство во Собранието и тој треба да ѝ се извини на јавноста“, рече Митрески.