Пратеникот на ДОМ Мирослав Богдановски поднел оставка до собраниската архива, која беше констатирана на денешната 45-та седница на Собранието.
Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, која е пратеничка, во изјава за медиумите кажа дека за оставката на Богдановски дознала од собраниските служби. Богдановски претходно најави дека ќе дејствува независно во Собранието.
Богдановски дојде со скафандер во парламентот заедно со пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска, за да обезбеди кворум за донесување неколку закони, иако и двајцата беа позитивни на ковид-19.
Местото на Богдановски во Собранието се очекува да го заземе следниот кандидат/ка, веројатно од СДСМ.