Не веруваме дека е добар начин на избор на обвинител со политички договор меѓу партиите, рече министерот за правда, Бојан Маричиќ, одговарајќи на новинарско прашање за барањето на ВМРО-ДПМНЕ државниот јавен обвинител да биде предложен од нивната партија.
– Имавме едно искуство пред неколку години со СЈО, што потоа опозицијата го критикуваше – рече Маричиќ.
Тој појасни дека изборот на државен јавен обвинител е уставна категорија и за да се промени, потребна е промена на Уставот.
– Не верувам дека во овој момент тоа е приоритет. Имаме добар државен јавен обвинител, мислам дека тој може да си ја заврши задачата законски предвидена и без промена на Уставот и без промена на државниот јавен обвинител – рече Маричиќ.