ЛДП -ДОМ како „Движење во центарот”, синоќа го промовираа кандидатот за градоначалник Славе Петрески, посочувајќи дека ќе имаат и кандидатска листа за советници, со цел на граѓаните да им понудат нов концепт, нова визија.
Според Горан Милевски, лидерот на ЛДП, тие ќе бидат трета политичка опција со најголем број кандидатски листи за градоначалници и советници, со што на граѓаните на локалните избори ќе им понуделе алтернатива.
Маја Морачанин, лидер на ДОМ, рече дека го нарекле „Движење во џентарот” затоа што се во центарот на Македонија, меѓу двата политички блока, и затоа што во центарот треба да е граѓанинот.
Петрески изјави дека ги знае проблемите на граѓаните и затоа се одлучил за кандидатура, како и дека ќе направи сѐ за доброто на граѓаните и за економијата.
Носител на кандидатската листа за советници ќе биде бизнисменот Јане Станкоски. Ка.М.