Денеска во Битола, престојуваше кандидатот за претседател Стево Пендаровски. Тој прошета по Широк Сокак и разговараше со граѓаните, а одговори и на прашањето на кого би му простил денеска.
– На сите оние кои за мене имаа лоши зборови изминативе години и мислам дека тоа треба да стане пракса, не само на овој ден, и не само од моја страна кон нив, или евентуално од нив кон мене и кон другите. Во Македонија за жал политичката поделба е огромна и јас мислам дека во наредниов период месец и половина во рамките на мојата кампања сакам да се фокусирам посебно на тој проблем, тоа што премиерот Заев го нарече национално помирување. Наша задача е да иницираме процес кој ќе доведе до заздравување на тие рани, знаеме дека поминавме низ сериозни турбуленции и процеси на промена на име на држава и долг процес на уставни промени во тој политички процес кои е уникатен за нас, па и за многу други држави во светот, излегоа многу лоши емоции многу лоши зборови паднаа, не само во Парламентот, туку и меѓу обичните луѓе и навистина мислам дека ова нека биде еден симбил, денешниот ден кога навистина ќе почнеме да се помируваме меѓусебе, не можеме да се помириме во се, но меѓутоа околу неколку точки сигурно можеме да најдеме заеднички јазик. Тоа е дека Македонија мора да остане во овие граници, Македонија мора да биде демократска, функционална демократија и мора да биде членка на Евроатланските интеграции – изјави Стево Пендаровски з авреме на неговата посета на Битола. М.М.