ЕУ го поддржува договорот од Преспа и внимателно ги следи националните процедури што треба да се спроведат за негова имплементација, изјави вчера портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич.
Таа повтори дека „ЕУ го поддржува историскиот договор од Преспа, кој претставува израз на политичка храброст и лидерство во решавање на еден од најстарите спорови во регионот“.
– Ова е уникатна можност да се надминат тешкотиите од минатото и да се зајакне помирувањето во регионот и во Европа. Ги следиме националните процедури што треба да се спроведат за да се имплементира договорот – рече Коцијанчич, запрашана за коментар околу ратификацијата на Преспанскиот договор во Грција, по усвојувањето на уставните измени во македонскиот парламент.