Градоначалникот на Тетово Биљал Касами ја обвини централната власт за вршење политички притисок откако финансиската полиција утринава дошла во општина Тетово.
– Во кризната ситуација во која се наоѓаме, имаме непоканети гости од финансиска полиција. Со некој повод за некое сомневање за времето кога градоначалник бил Сади Беџети. Јас тоа го ценам како политички притисок – истакна Касами.