Со 71 глас „за“, девет воздражни и без ниту еден против, Собранието ги донесе законските измени за законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, по скратена постапка, во рамки на денешното продолжение на 15-та седница. На тој начин се овозможува реализација на мерката „Викенд без ДДВ“, како дел од најавените антикризни мерки на Владата.
Со „Викенд без ДДВ“ граѓаните ќе го добијат назад целиот ДДВ за производите што ќе ги купуваат во претстојниот продолжен викенд. Проценките се дека околу 350 илјади корисници на апликацијата „Мој ДДВ“ ќе можат да купуваат домашни производи и услуги во вредност од најмногу 30 илјади денари, а на нивните трансакциски сметки ќе им биде исплатен назад целиот ДДВ во рок од неколку дена. „Викенд без ДДВ“ е дел од четвртиот сет на владини антикризни мерки.