Скопје не ги раскинало врските со Белград и со Москва, изјави бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, откако премиерот Зоран Заев го најави враќањето на српскиот јазик во училиштата во неговата честитка по повод празникот Свети Сава, кој е национален ден на Србите во Македонија.
– Враќањето на српскиот јазик во училиштата во Република Северна Македонија ги побива ставовите дека врските со Србија и со Русија се прекинати – изјавила Захариева, а пренесоа бугарските медиуми.
Захариева додала дека не е изненадена од одлуката за јазикот, посетувајќи и на нејзиниот став дека македонизмот е геополитичка идеја создадена од Белград и Москва.
– За жал, не сум изненадена од ваквата одлука на македонските власти. Враќањето на српскиот јазик значи дека сите партии во Република Северна Македонија се едногласни за ова прашање, како и за темата за односите со Бугарија, без оглед на нивните политички разлики – порача Захариева.