Блокадата од страна на Бугарија предизвикува „многу горчина“, изјави македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за „Франс прес“, додавајќи дека секакво доведување во прашање на македонскиот идентитет е „црвена линија.
– Тоа е прашање на самоопределување, што е во срцето на европскиот проект. Тука е апсурдноста на целиот проблем. Покажавме колку веруваме во европските вредности. И сега, кога Европа треба да ги покаже европските вредности, тие не беа таму – кажал Заев.
Македонскиот премиер изјави дека е создаден гнев во Македонија и во Бугарија, но верува дека е можен напредок.
– Создаден е голем гнев, меѓу братски луѓе што живеат од двете страни на границата. Верувам многу во европските вредности, можеби многу повеќе од некои поединци во ЕУ – нагласи Заев во интервјуто.