Не се размислува за одложување на почетокот на пописот на населението, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање по означувањето на почетокот на јужнокорејската инвестиција во ТИРЗ Скопје 2.

– Пописот е веќе договорен по барање на сериозен учесник во нашето општество. Тоа е најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. Толеранцијата е доблест на владејачките партии. На чело со СДСМ тоа го прифатија и го одложивме пописот што ќе се спроведе од 5 септември до 30 септември – изјави Заев.

Премиерот посочи дека се прават дополнителни напори за да можат граѓаните да се пријават за спроведување на пописот и нагласи дека хонорарот за попишувачите  изнесува од 25 до 45 илјади денари за 25 дена анкетирање.