Не можам да кажам дали ме снимал, ако снима секаде, можно е да ме снимал. Ова го вели премиерот Зоран Заев за Орце Камчев во интервју за „Фокус“.
– Не можам да кажам дали ме снимал. Ако снима секаде, можно е да ме снимал. Кога се влегува тука кај мене, прво се оставаат телефоните, според процедурата, за да имаме слободни состаноци – вели Заев.
Заев не открива дали е можно да се снимени и телефонските разговори што ги имал со бизнисменот Камчев и дали нова „бомба“ може да експлодира во јавноста.