Придавката „македонски“ е употреблива насекаде низ светот. Таа е идентитетска, и нема дилеми во нејзината употреба. Ова го изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања во Штип.
– Законот за ратификација на Преспанскиот договор прави јасни динстикција кога заборуваме за Владата на Република Северна Македонија, за Министерството за здравство, и таа динстикција е јасна. Но, кога зборуваме за македонската историја, македонската политика, македонскиот народ, Македонец, македонска и македонско – придавката е идентитетска и јасно дефинирана – изјави Заев.
Тој изрази надеж дека Бугарија ќе направи позитивен исчекор во однос на нашите евроинтеграции.