Премиерот Зоран Заев најави внатрепартиски консултации како и разговори со помалите партии на кои ќе се одлучува за поднесувањето на шесте илјади амандамани за Изборниот законик од страна на ДУИ.
Премиерот нагласи дека тоа што ВМРО-ДПМНЕ испратило девет илјади амандмани е силен сигнал за блокирање на процесот.
– Ќе ги видиме сите анализи. Со партнерите ќе разговарам и сакаме да ги видиме ваквите објаснувања. Како што реков вчера, пораката е многу нелогична, партнерите во најмала рака зборуваат. Ние зборувавме со нашите аргументи зошто е подобро една изборна единица. Се одржаа состаноци, се носеа одлуки од страна на политичките партии и не смееме да не го слушаме гласот на помалите политички партии – истакна Заев за време на еко акцијата „Аминистрацијата чисти со Не биди Ѓубре“.
Одговарајќи на новинарско прашање тој додаде дека со една изборна единица прво добива државата, но добиваат и сите други политички партии, нагласи Заев.