Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој во моментов се наоѓа во политички азил во Будимпешта, Унгарија, на Фејсбук ја прокоментира новата автопатска делница Скопје-Штип.
Груевски се наврати на започнување на процесот за изградба на овој автопат, твдрејќи дека поголемиот дел е заслуга од времето на владеењето на неговата партија. Тој се заблагодари на колегите од тогашната власт и ја критикуваше сегашната за припишување на заслугите за овој проект.