Првиот вицепремиер вели дека во Собранието има два табора – еден про-ЕУ и друг кој нè носи во изолација, а пратениците треба да се определат дали се за продолжување на патот на Северна Македонија кон ЕУ и кон стабилност или кон несигурност.
Првиот вицепремиер Артан Груби од ДУИ во изјава за ТВ 21 демантира дека некој од власта му се заканувал на Кастриот Реџепи, пратеникот од Беса кој со непојавувањето во парламентот денеска оневозможи да има кворум на седницата за гласање недоверба на Владата.
– Не е точно, не е вистина. Кастриот секогаш беше ориентиран про-ЕУ, про-НАТО, кон пријателството со САД, ми беше колега во холандската амбасада, сме работеле заедно и ги знам неговите убедувања, дека неговото срце спие во Вашингтон и во Брисел – рече Груби.