Бугарскиот премиер Бојко Борисов ги поздрави премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев, како и министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, за договорот меѓу двете држави кој беше потпишан денеска во Преспа.
– Ги поздравувам премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев, како и нивните министри за надворешни работи, за важниот и храбар чекор кој заедно го направија денеска – напиша Борисов на Фејсбук.
– Договорот за спорот за името го отвора патот на Република Македонија кон ЕУ и НАТО. Бугарија секогаш го поддржувала нашиот сосед по овој пат. Најважно сега е граѓаните на сите земји на Балканот да сфатат дека овој договор не води кон територијални претензии или идни проблеми, напротив – ќе ни помогне да живееме заедно подобро – пишува Борисов.