Сѐ уште ги имаме чизмите на таван во старата куќа, за миг ги вадиме белите патики. Ние не сме сираци, ние сме никнале по војна – напиша на Фејсбук Шкодране Дардишта од ДУИ, членка на Одбророт на директори на Македонски Телеком.
Таа во објавата додаде и: „Не си играјте со оган, оти самите ќе изгорите во него“.
Објавата наиде на реакции во текот на денот, а последна е онаа на лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој се огради со коментар дека таквите изјави не се во интерес на партијата.
– ДУИ во својата кауза ја има слободата, а таквите изјави не се во интерес на партијата и каузата – рече Ахмети пред средбата на партиското раководство во Тетово.