Пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи, кој одлучи да не гласа за недоверба на Владата и денеска не се појави во Собранието, наводно се наоѓа во Бугарија, бидејќи од таму е најавен на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Вакво тврдење изнесе пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, што на социјалните мрежи го поткрепи со слика од администраторската алатка на социјалната мрежа.

„Заев има пари и фирми и имот во Бугарија. Кастриот Реџепи е логиран на Фејсбук во Бугарија. Дали е однесен, пренесен, превезан, натоварен, убеден, уценет или присилен, знаат само Заев, ДУИ и тој“, напиша Милошоски на социјалните мрежи каде ја објави и сликата на која се гледа дека пратеникот на Беса, наводно, се најавил на Фејсбук од Бугарија.

Лидерот на Беса, Билал Касами, пак, изрази сомнеж дека неговиот пратеник Кастриот Реџепи не доаѓа на седница бидејќи негде се држи присилно.