Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска гласаше на избирачкото место број 0816 во Зајас. По изјаснувањето Ахмети истакна дека ова е историски момент за земјата и оти се надева дека граѓаните мирно и достоинствено ќе излезат и ќе гласаат според нивното убедување, било да е тоа „за“ или „против“.
– Според моите информации досега се се одвива мирно, достоинствено и без никакви проблеми. Од утре очекувам сите да работиме за да бидеме што поблиску до ЕУ и НАТО, бидејќи особено во последните 15 години речиси сите сме работеле во тој правец. Треба да работиме во правец на мирот и стабилноста, да имаме добар судски систем, да има економски развој, инвестиции и достоинство за сите, како и функционални институции. Се тоа во функција на мирот и стабилноста не само кај нас, туку во целиот регион на овој дел на Европа, рече лидерот на ДУИ.