Предлог-резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции, поднесен од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе се најде на дневен ред на 47-та седница која треба да продолжи денес во Собранието.
Група пратеници поднесоа амандман со кој во поднесената резолуција се вметнува додавката „северна“, откако владејачкото мнозинство најави дека нема да ја прифати резолуцијата доколку во неа не биде внесено уставното име.
ВМРО-ДПМНЕ очекува широка поддршка за резолуцијата, која според партијата треба да означи единство и да ги зацврсти државните позиции на Македонија.
Предлог-резолуцијата предвидува преговорите со ЕУ да се водат со должно почитување на меѓународното право и без никакво условување, како и со почитување на достоинството на македонскиот народ.