Бујар Османи

Одржувањето на изборите во моментов не е дел од агендата на Демократската унија за интеграција, изјави вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.

– Ако ме прашувате како претставник на ДУИ, можам да кажам дека изборите не се воопшто една од темите во агендата на ДУИ. Имаме две основни цели, од кои здравствената криза од пандемијата и социоекономските проблеми кои ги создава. Се друго што се наметнува како тема, сметаме дека е дефокусирање на институциите и на политичката и општествената енергија во решавање на овие два проблема – здравствените и социоекономските – нагласи Османи во изјава објавена на неговиот фејсбук-профил.

Тој рече дека одлуката за избори ќе ја донесе Комисијата за заразни болести, а не политичките партии.


Обезбедени се 50 респиратори преку заемот на СЗО

Преку заемот на Светската здравствена организација (СЗО) обезбедни се дополнителни 50 респиратори, изјави вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи.

Како што појасни Османи, десетина од респираторите ќе пристигнат до 5 јуни, а останатите до крајот на месецов, со што дека досега обезбедени се вкупно 70 респиратори.

Османи кажа дека според проценка на Министерството за здравство, количината е доволна за да се обезбедат потребите на нашите клиники.