Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски за време на денешната посета на Куманово се осврна на дописот од Бојан Маричиќ за да не се употребува македонски, Република Македонија.
– Тој министер што мисли дека потпишал некој допис да излезе во јавноста и да каже што сакал да каже, бидејќи она што го прочитавме е срамно. Мене никој нема да ми забрани да го користам зборот Македонија, ќе го користам постојано зборот Македонија, ќе го кажувам она што го чувствувам во срцето, а тоа е една земја за мене, тоа е Република Македонија. Дали тоа се однесувало за трговијата, дали за претпријатија или слично, кој е тој министер, која е оваа влада да ни забрани да си го кажуваме она со кое се гордееме, а тоа е зборот Македонија – рече Мисајловски.
Тој додаде дека никој не може да спречи да се кажуваат зборовите македонски, Македонија.
– Ние ќе ги говориме, но добро оваа влада што мисли дека е демократска да излезе и да го објасни на граѓаните, ова е срамно и жалосно што го прават, но нема да им помине – кажа Мисајловски.