Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски, денеска во Скопје имаа средба со италијанска делегација предводена од министерот за надворешни работи и меѓународна соработка наИталија, Луиџи Ди Мајо.
Заев на средбата истакнал дека Италија е стратешки партнер, не само на нашата земја, туку на целиот Балкан.
Тој се заблагодарил на целокупната поддршка што ја дава Италија на евроатлантската интеграција на земјата и изразил надеж дека Република Северна Македонија наскоро ќе добие добри вести од ЕУ.
Од СДСМ соопштија дека Ди Мајо го поздравил напредокот што го остварила земјата, со што ги отворила вратите на најмоќниот воен сојуз.
– Добредојдовте во НАТО – рекол Мајо и изразил надеж дека на пролет ќе започне да се имплементира и ЕУ проектот за Северна Македонија.
Тој додал дека иако ЕУ се соочува со компликувана ситуација, Италија ја дава целокупната поддршка за напорите и амбициите на Македонија и на Албанија за започнување на пристапни преговори за членство во ЕУ.