Неколку групации покажуваат амбиции за преземање на водството во СДСМ по заминувањето на Зоран Заев, а меѓу нив е и Бранко Црвенковски, истакна поранешниот лидер на партијата и поранешен премиер Владо Бучковски во синоќешното гостување во магазинот „Клик Плус“ на „ТВ21“.
– Бранко не ни крие дека има амбиции. Бранко му нанесе штета на Заев, на почетокот на кампањата. И јас се соочив со суетата на Црвенковски во 2006 година. Не случајно голем дел од членовите на СДСМ останаа дома – откри Бучковски.
Тој тврди и дека луѓе блиски до Црвенковски работеле на изборната кампања на Максим Димитриевски кој доби нов градоначалнички мандат во Куманово.
Бучковски додаде и дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на овие избори бил потценет од страна на СДСМ, додека всушност „си ја бетонирал позицијата на лидер на ВМРО-ДПМНЕ“.