На прашање за актуелните разговори со Бугарија, портпаролот на Владата, Душко Арсовски повтори дека нема нов договор и дека Владата е подготвена да ги дообјасни прашањата што побудуваат определена загриженост во Софија, но дека никој нема право да преговара за идентитетот и за јазикот.
– Контактите и размената на идеи меѓу македонската и бугарската влада се во постојан тек. Двете страни се вложени во изнаоѓање решение. И за Северна Македонија и за Бугарија е особено важно да продолжи европската интеграција на регионот. Оттука, со оптимизам гледаме на можните решенија кои во исто време ќе ја обезбедат нашата европска иднина со целосно почитување на македонскиот идентитет – потенцираше Арсовски.