Исклучениот пратеник од редовите на „То Потами“ Спирос Данелис, во изјава за агенцијата АНА-МПА, потврди дека ќе гласа за Договорот од Преспа.
Според него, договорот за името е огромна можност за земјата и уште рече дека го става националниот интерес над партискиот.
Данелис претпоставува дека тројцата пратеници од „То Потами“ (Теодоракис, Мавротас и Ликудис) ќе гласаат за Договорот од Преспа, односно дека договорот ќе помине со гласовите на 151 пратеник.