Фото: Игор Бансколиев

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски им оддаде признание и честитки за професионализмот и посветеноста од страна на сите организациони единици при МВР, за добро реализираниот оперативен план во делот на одржување на безбедноста при чествувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев.

– Како пред гробот на великанот Делчев кај црквата „Свети Спас”, така и на граничните премини, македонската полиција на висина на задачата успешно го спроведе овој настан од највисок безбедносен степен – еклатантен пример за тоа како постапува полиција од европски ранг. Благодарност и до граѓаните, медиумите и медиумските работници кои имаа разбирање и на најпрофесионален начин дадоа свој придонес за навистина достоинствено чествување на великанот Гоце Делчев. И секако како што и претходно нагласив: македонската полиција нема да дозволи понижување на македонскиот народ – порача Спасовски.