Фото: Илустрација

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија денеска регистрираше земјотрес 135 километри југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Гевгелија – Гуменџа.

Според податоците со кои располага опсерваторијата, земјотресот се случил во 23.56 часот со Рихтерова локална магнитуда од два степена и интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

Земјотресот е почувствуван од населението во Богданци, Гевгелија и околината.